Свет
6. February 2018 - 9:09

САД ќе и продаде на Финска 200 ракети за над 700 милиони долари

САД одобрија продажба на 200 офанзивни и одбранбени ракети на Финска, која не е член на НАТО и граничи со Русија, соопшти Стејт департментот.

Зделката е над 700 милиони долари. 

Ракетите се земја-вода „Харпун“, наменети за финските воени бродови или за ПРО на брегот, и ракети „Си Спароу“, наменети за воените бродови кои Финска ќе ги добие до 2020 година. 
    
За првпат Финска купува такви ракети, кои без проблем ќе ги интегрира во одбранбените способности, посочува Стејт департментот.

Литванија ја обвини вчера Русија дека распоредила во енклавата Калининград ракети способни да носат нуклеарни боеви глави.