САД: Келнерка открива кој од славните е скржав за бакшиш
Келнерка од Њујорк, открива кој од познатите лица во САД е најдобар, а кој најлош и најскржав муштерија…
Како вработена во познат елитен ресторан, Лора Месробијан имала чест да прими нарачки од голем број познати личности, и како што вели, непријатно е сознанието дека некој што скоро и го обожаваш, „не сака да пушти срце“ за бакшиш… Не кажува конкретно кој е тоа, но во своите Тик-Ток видеа, девојката говори за Џејк Џиленхол, Грета Гервиг, Глен Клоуз…
– Џејк е плачко-муштерија. Постојано негодува за нешто, а и никогаш не плати кога беше на вечера со пријателите, раскажува Лора.
Првото нејзино видео собра скоро 100.000 прегледи. Потоа таа говореше и за глумицата Грета Гервиг. – Со неа, тотално, би се забавувала цела вечер. Се радував на нејзиното присуство, вели Лора.
Но, партнерот на Гервиг – Ноа Бомбак, не ѝ бил толку забавен на келнерката.
Потоа, девојката која на Тик-Ток платформата се потпишува како @lauramesrob, говореше и за Џулијан Мур и Френсис Мекдорманд.
Ново на Сител
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Филип Рикер, поранешен амбасадор на САД во Македонија
-
„Алкалоид“ пушти во употреба нов светски погон за производство на лекови вреден 19.4 милиони евра
-
Четири години Македонија членка на НАТО
-
Гир: Не е точно дека ЕУ не ја сака Македонија, членството е лесно достижно