Свет
4. March 2016 - 8:54

САД ја предупредија Северна Кореја да се воздржи од провокации

Американското Министерство за одбрана го повика Пјонгјанг да се воздржи од провокативни дејствија што можат да доведат до нараснување на тензии на Корејскиот Полуостров, пренесоа британските медиуми.

Медиумите претходно јавија дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун наредил неговата земја „во секое време“ да биде подготвена да го употреби нуклеарното оружје.

Портпаролот на Пентагон, Бил Урбан, информира дека раководството на американските вооружени сили знае за изјавата на Ким Џонг-ун.

- Внимателно ја следиме ситуацијата на Корејскиот Полуостров, заедно со нашите регионални сојузници, додаде тој.

Урбан ја повика Северна Кореја место провокативни дејствија „да се фокусира врз исполнување на своите меѓународни обврски и ангажмани“.