Loading Video...
Свет
19. December 2020 - 16:52

САД ја одобри и вакцината на Модерна

Антиковид вакцината на Модерна е одобрена за итна употреба во Соединетите држави. Претседателот Трамп ја поздрави одлуката на ФДА да даде зелено светло и за оваа вакцина. И новоизбраниот претседател го поздрави потегот.  Дистрибуцијата на околу 6 милиони дози ќе почне уште денеска, а биотехнолошката компанија треба да обезбеди уште 14 милиони до крајот на годината. 

Вакцината има ефикансост од 95 проценти, се дава во две дози и се чува на минус 20 степени целзиусови, што ја прави подостапна од Фајзеровата вакцина која веќе се користи за имунизација на најранливите категории.  

Оваа вакцина ја прими и Потпреседателот на САД, а настанот се емитуваше во живо, со цел да се зголеми довербата кај американците за вакцинацијата. 

Не почуствував ништо. Многу беше добро. Овде сме да покажеме доверба во однос на вакцината рече Мајк Пенс. 

Со танц првата пратка со антиковид вакцина ја примија  здравствените работници во Медицинскиот центар во Бостон.

Пред камерите идната недела ќе се вакцинира и Џо Бајден.

И во Швајцарија за итна употреба може да се користи вакцината на Фајзер и Бајонтек. Имунизацијата во земјите од ЕУ ќе почне од 27-ми декември. Западно балканските земји кои се надеваа на брза имунизација преку Ковакс програмата, вакцините најверојатно ќе ги добијат дури во мај. Според епидемиолозите 70 проценти од светската популација треба да прими антиковид вакцина за да стави крај на пандемијата.