Свет
1. April 2018 - 13:26

САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на ОН

САД ја блокираа нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на ОН во која се бара независна истрага за најновите судири и се повикува на воздржаност во Појасот Газа. 

Како што јави МИА, во петокот избија судири за време на палестинските демонстрации во кои загинаа 16 Палестинци, а голем број луѓе беа повредени. 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш побара „независна и транспарентна истрага“ за судирите. 

Нацрт- резолуцијата во петокот ја предложи Кувајт, а во неа се бара независна и транспарентна истрага со почитување на меѓународните права. 

Во нацрт-резолуцијата се напоменува правото на Палестинците мирно да протестираат.