Loading Video...
Свет
20. јуни 2018 - 19:50

САД излегуваат, Русија бара да влезе во Советот за човекови права на ОН

Соединетите држави официјално го откажаа своето членство во Советот за човекови права на ОН. Лошото работење и антизраелскиот став на Советот се причините за повклекувањето објасни американската амбасадорка  во ОН, Ники Хејли.

Кога Советот за човекови права го третира Израел полошо од Северна Кореја, Иран и Сирија, самиот Совет е глупав и недостоен за неговото име. Време е за земјите кои знаат подобро да бараат промени, изјави  Ники Хејли, Амбасадор на САД во ОН

Кратко откако Вашингтон објави дека се повлекува од Советот, Русија обајви дека поднела кандидатура за членство  во  таа организација за периодот меѓу 2021 и 2023 година.