САД испраќаат во Сирија уште 200 војници, кои ќе помагаат во ослободувањето на Рака од ИД
Американскиот министер за одбрана Ештон Картер од Бахреин соопшти дека САД ќе испратат во Сирија уште 200 војници, кои ќе помагаат на курдските и арапските борци да го заземат градот Рака од Исламска држава.
Меѓу дополнителните 200 американски војници, кои ќе се приклучат на веќе испратените во Сирија 300 командоси, ќе има инструктори на специјални сили, советници и екипи за деминирање. Тие ќе им помагаат на курдските и арапските борци да регрутираат, обучуваат и советуваат сириски единици за борба против Исламската држава.
Картер, во говорот на конференцијата за безбедност во Манама, рече дека претседателот Барак Обама одобрил испраќање на дополнителните војници во Сирија минатата недела.
- Овие војници со исклучителни вештини ќе се приклучат на силите за специјални операции со бројност од 300 лица кои се веќе во Сирија. Ги комбинираме нашите способности со оние на нашите локални партнери, настапуваме заедно против ИД, и истовремено вршиме притисок од сите страни , истакна тој.
- Русија, која е главниот сојузник на претседателот Башар ал Асад, само ја разгорува граѓанската војна во Сирија и ги пролонгира страдањата на сирискиот народ, изјави Картер.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка