Свет
27. September 2019 - 8:28

САД испраќаат одбранбен систем „Патриот“ во Саудиска Арабија

САД ќе испратат проектили за одбрана од системот Патриот и четири радари на Саудиска Арабија, соопшти Пентагон. Тој потег официјалните претставници го оквалификуваат како прв чекор за помош на Ријад да се заштити од напади од Иран.

Уште две ракетни батерии од „Патриот“ и системот за противракетна одбрана TХААД ќе бидат подготвени да бидат испратени подоцна доколку има потреба. Во Саудиска Арабија ќе заминат и околу 200 американски војници.

Воените команданти од минатата недела анализираат каква воена помош да испратат во регионот на Блискиот исток како одговор на она што американските власти го нарекуваат дрзок ирански напад со ракети и беспилотни летала врз саудиските нафтени објекти на 14 септември.

Американскиот претседател Доналд Трамп го одложи, барем засега, каков било итен воен удар врз Иран, но го одобри зголемувањето на напорите за зајакнување на безбедноста во Саудиска Арабија и регионот.