Свет
18. August 2016 - 8:53

САД: Ирак има суверено право да им одобрува прелети на руските борбени авиони

Одлуката, со која се дозволи на руската борбена авијација да го прелетува ирачкиот воздушен простор заради изведување напади врз екстремистите во Сирија, е суверено право на властите во Багдад, изјави, синоќа на брифинг со новинарите  портпаролот на Стејт департментот Марк Тонер, цитиран од ТАСС.

Според Тонер, американската администрација е „во постојан контакт и дијалог со ирачката Влада и со ирачкото раководство“.

- На крајот, Ирак е суверена земја и тие донесуваат сопствени одлуки. Не би сакал да зборувам во нивно име, посочи Тонер.

Портпаролот во текот на изјавата фактички призна дека Вашингтон ќе го повика Багдад да не и дава на Москва такво одбрение.

Според иранскиот ТВ канал „Прес-ТВ“, ирачкиот премиер Хајдар ал Абади го дал одобрението за прелетите на руски бомбардери долж пограничните коридори, а притоа замолил нивните маршрути да не минуваат над населени места.

Според иранската телевизија, Ал Абади во вторникот изјавил дека Русија не побарала одобрение за прелети преку ирачкиот воздушен простор за руските ракети.