САД и Русија преговараат за безбедноста во вселената
Американски и руски официјални претставници денеска почнаа разговори за безбедноста во вселената, откако Вашингтон и Лондон минатата недела ја обвинија Москва за тестирање на анти-сателитско оружје.
После еднодневниот дијалог во Виена, кој беше планиран со месеци, ќе следуваат тридневни разговори меѓу двете земји за контрола на нуклеарно оружје.
Американскиот помошник државен секретар за меѓународна безбедност Кристофер Форд во петокот ги обвини Москва и Пекинг дека тие вселената веќе ја претвориле „во театар на воени операции“.
Според него, Вашингтон предлага правила за одговорно однесување во вселената, кои треба да го следат моделот на постојните правила за водење војна и кои треба да се засноваат на принципот на пропорционалност и хуманост.
Русија и Кина ја поддржуваат алтернативна иницијатива за склучување меѓународен договор за забрана на вселенско оружје.
Форд рече дека САД се против иницијативата затоа што таа ќе направи нелегални некои специфични системи за оружје, што е тешко да се дефинираат, наместо да се утврди кои дејства во отворената вселена се дозволени, а кои не.
Според американската вселенска команда, во средината на јули Русија тестирала против-сателитско оружје во подвиг сличен на друг тест спроведен во 2017 година.
Москва ги негираше обвинувањата.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок