-->
-->
САД и Кина договорија резолуција за нови санкции кон Северна Кореја
-->
САД и Кина договорија нацрт-резолуција за заострување на санкциите на Советот за безбедност на Обединетите нации кон Северна Кореја поради најновите нуклеарни проби на Пјонгјанг, соопштија претставници на Светската организација.
Двајца анонимни дипломати нагласиле дека Пекинг и Вашинтон постигнале договор за нацрт-резолуцијата, за која може да се гласа следните неколку денови во 15-члениот Совет за безбедност.
Како што јави Јонхап, Кина и САД, кои имаат право на вето во Советот за бебзедност на ОН, последните седум недели преговараат за нацрт резолуцијата, откако Северна Кореја на 6 јануари ја изврши последната нуклеарна проба.
- Тоа е конкретен, долг нацрт, за кој се надевам дека ќе биде усвоен следните денови, изјави еден од дипломатите.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска: Горда сум на граѓаните, не само на оние кои гласаа за мене туку и на останатите
-
Дел од извештаите на светските медиуми за претседателските избори во државава
-
ДИК: Oд обработени 80,03% oд гласовите Силјановска Давкова 284.775, Пендаровски 139.167
-
Јакимовски: Резултатите се далеку од моите очекувања
-
ДИК: Oд обработени 77,32% oд гласовите Силјановска Давкова 272.729, Пендаровски 133.184
-
Османи: Европскиот фронт ја победи коалицијата Вреди со над 40.000 гласа
-
Се слави пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ
-
ДИК: Oд обработени 71,19% oд гласовите - Силјановска Давкова 247.366, Пендаровски 121.228