САД и Јапонија бараат најостри санкции против Северна Кореја
Официјален Вашингтон и Токио бараат против Северна Кореја да бидат воведени најстроги санкции, по најновата и досега најголема нуклеарна проба што Пјонгјанг ја изврши, изјави денеска специјалниот претставник на Стејт департментот за политика кон Северна Кореја Сунг Ким.
Според Ким САД би можеле да воведат сопствени санкции како одговор на провокативното и неприфатливо однесување на Северна Кореја.
- Ќе соработуваме блиску во рамки на Советот за безбедност на ОН, но и пошироко, со цел да постигнеме најстроги можни мерки како одговор на најновите акции на Северна Кореја, изјави Ким во Токио, по средбата со својот јапонски колега Кенџи Канасуги.
Американскиот специјален претставник на Стејт департментот посочи дека освен санкции на Советот за безбедност, и САД и Јапонија, заедно со Јужна Коореја ќе разгледаат унилатерални мерки.
Против Северна Кореја од првата нуклеарна проба на земјата во 2006 година се воведени пет сета санкции, додека Пјонгјанг продолжува со своите нуклеарни проби.
Пјонгјанг во петокот ја спроведе својата петта нуклеарна проба, тврдејќи дека е извршено успешно тестирање на нуклеарни боеви глави, што предизвика остра реакција на меѓународната јавност.
Ново на Сител
-
Најмногу дожд во Виница 32 литри на квадрат, најстудено на Попова Шапка минус три степени
-
ЦУК апелира на внимателност поради влошувањето на временските услови
-
Затворен аеродромот Манадо поради ерупција на индонезискиот вулкан Руанг
-
Надал: Нема повеќе да се натпреварувам во Барселона
-
Ред Бул има намера да го задржи Перез во 2025 година и да го врати Албон во 2026 година
-
Нов „Блек шарк“ прстен на „Шјаоми“
-
Стартува трката за пратеници, уште пет дена претседателска кампања
-
Во Брисел продолжува дијалогот меѓу Белград и Приштина за употребата на динарот во Косово