САД и ЕУ подготвуваат стратегија за борба против Русија на Балканот
Вашингтон и Брисел подготвуваат стратегија за да и се спротивстават на Русија на Балканот, изјави заменик-државниот секретар на САД за Европа и Евроазија, Метју Палмер, пренесува Спутник Србија.
Како што изјавил Палмер, САД се заинтересирани за зачувување на стабилност во регионот, додека Русија сака само да „внесе хаос“.
Тој за време на неговата посета на Хрватска, според Блумберг, изјавил дека Русија упорно се обидува да го поремети договорот кој недамна го постигнаа Грција и Северна Македонија, како и да ги „разбесни“ Србите во Босна и Херцеговина.
– Додека САД и нашите партнери сакаат мир втемелен на законите и на транспарентноста, Москва посакува хаос и недоверба, додаде заменик-државниот секретар на САД.
Тој повтори дека САД сакаат Косово да ги укине таксите за производи од Србија, за да може дијалогот со Белград повторно да се почне.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња