Свет
23. August 2016 - 21:15

САД, и балтички земји потпишаа заедничка декларација во сферата на безбедноста и одбраната

Американскиот потпретседател Џо Бајден и претседателите на Естонија, Литванија и Летонија, Томас Хендрик Илвес, Далија Грубаѕскајте и Рајмондс Вејонис денеска потпишаа заедничка декларација за продлабочување на соработката во сферата на безбедноста и одбраната.

Земјите-потписнички според декларацијата се задолжуваат да одржуваат редовни средби, да ги разгледуваат клучните приоритети, како и копнената, поморската и воздушната одбрана, но и безбедноста на границите, зајакнување на легалноста, националната безбедност и тртанснационалните закани.

Претходно, Бајден им порача на балтичките држави дека САД ќе го почитува ветувањето оти НАТО ќе ги штити и истакна дека комантарите на републиканскиот кандидат за претседател Доналд Трамп не треба да се сфаќа сериозно.

Бајден, кој е во посета на Летонија им порача на балтичките земји дека САД се посветени на Договорот на НАТО и Членот пет.

Посетата на Бајден на Летонија е во моментот кога се зголемени тензиите со Русија и во регионот, а Трамп изјавува дека доколку биде избран за претседател на САД, би можел да се откаже од одбраната на сите земји-членки на Алијансата.

Тој денеска ги отфрли коментарите на Трамп и нагласи дека САД се силно посветени на НАТО.

- Тоа што повремено го слушате од претседателскиот кандидат на друга партија... не е ништо што би требало сериозно да се сфати, посочи Бајден.