Loading Video...
Свет
15. September 2019 - 16:37

САД го обвинија Иран за нападите со дронови во Саудиска Арабија

Американскиот државен секретар Мајк Помпео го обвини Иран за нападите со беспилотни летала врз  нафтени објекти   во САудиска Арабија.

Иако јеменските Хути  бунтовници  објавија дека тие ги нападнале двата објекти , управувани од  саидоскаѕа државна компанија Арамко, Помпео на Твитер напиша  дека тоа е лага.

Иранските власти обвинувањата од Вашингон  ги нарекоа неразбирливи и бесмислени. 

Министерот за енергетика на Саудиска Арабија истакна дека нападите го намалиле производството на нафта за 5, 7 милиони барели на ден и предупреди дека  тоа може да предизвика раст на цената на нафтата  на светските берзи.