Свет
5. January 2018 - 8:23

САД го додадоа Пакистан на листата држави кои ги кршат верски слободи

Американскиот Стејт Департмент гo вброи Пакистан на листата држави каде што брутално се кршат правата на верско изразување, што води до нарушување на безбедноста и стабилноста во државите. 

На списокот веќе се наоѓаат и Саудиска Арабија, Иран, Северна Кореја, Кина, Мјанмар, Еритреја, Судан, Таџикистан, Туркменистан и Узбекистан.

- Заштитата на верските слободи е неопходна за мир, стабилноста и просперитетот, изјави портпаролката на Стејт Департментот, Хедер Нојерт.

Потегот доаѓа во период на влошување на односите меѓу САД и Пакистан, при што Вашингтон најави дека ќе ја суспендира помошта за Исламабад поради нивната поддршка на исламистите во Авганистан, јави Гласот на Америка.