Loading Video...
Свет
15. October 2021 - 21:20

САД ги отворија границите, како ќе може да се патува

И по една и пол година од пандемијата патувањето по светот се уште не е едноставно. Иако многу земји ги отворија колку толку границите, без потврда за вакцинација и ПЦР речиси не може да се тргне на пат. Но и тоа не е така едноставно бидејки повеќето држави единствено ги признаваат вакцините кои се одобрени од Европската агенција за лекови или евентуално вакцините кои добиле зелено светло од СЗО. Така странските државјани кои се вакцинирани со кинеската или руска вакцина на границите на некои држави ке бидат третирани како невакцинирани, што значи дека влезот ќе им биде забранет. Оние кои сакаат да патуваат за Италија мора да бидат вакцинирани со Фајзер или Астра Зенека, во  спротивно ќе одат во карантин. Истото важи и за Австрија, Чешка, Шпанија, Франција, и Германија каде се признаваат само вакцините одобрени од Европската агенција - Фајзер, Модерна, АстраЗенека и Јансен од Џонсон и Џонсон. За Велика Британија и Ирска се потребни две дози од истите вакцини, примена 14 дена пред патување. И Шведска и Холандија ги отворија границите за оние кои имаат вакцинален сертификат. За влез во Унгарија е потребна барем една доза вакцина, а се признаваат и кинеската и руската, исто како и во Бугарија. Зелено светло за сите вакцини даде и Турција. И во регионот Србија, Црна Гора и Албанија бараат вакцинален картон, За Грција и натаму треба потврда за прележан Ковид, сертификат за вакцинација или негативен тест.

Со најновата одлука на Белата Куќа и САД ги релаксираат мерките за влез од 8 ноември. Ќе биде дозволен влез за целосно вакцинираните со вакцини одобрени од американските регулатори, но и оние кои се на листата на Светската здравствена органиазција за итна употреба, меѓу кои се и Синовак и Синофам. Одлуката се однесува на меѓународните летови, но и  на влегување по копнен пат. Странските државјани пред летот ке мора да покажат доказ за вакцинаија или негативен пцр тест.