САД ги купиле сите резерви на лекот „Ремдесивир“ во светот
Американската администрација на претседателот Доналд Трамп го купила речиси целото количество на лекот „Ремдесивир“ во светот во следните три месеци, кој се покажа ефикасен во лекувањето на новиот коронавирус.
Експертите се вознемирени од едностраниот потег на САД во врска со овој лек, како и пошироките импликации, стравувајќи од фактот што ќе се случи кога еден ден ќе се појави вакцина против Ковид-19.
Лекот „Ремдесивир“ првично е развиен против еболата и го произведува компанијата „Џилид Сајенсис“. Тоа е прв лек кој американската Агенција за лекови го одобрила за употреба во лекувањето на коронавирусот и се покажало дека им помага на луѓето побрзо да закрепнат од болеста.
Просечната терапија за лекување на Ковид-19 опфаќа шест дози со вкупна цена од 3.200 долари.
Американскиот претседател склучил „одличен“ договор со „Џилид Сајенсис“ за 500.000 дози, што претставува речиси 100 отсто од вкупното производство на компанијата овој месец, 90 отсто во август и 90 проценти во септември, соопшти американското Министерство за здравство.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари