Свет
21. December 2017 - 9:23

САД дозволија комерцијални резерви на смртоносно оружје во Украина

Стејт департментот синоќа соопшти дека издал лиценца за комерцијална достава на оружје за Украина, произведено од американски компании.

Според претставник на Стејт депертментот, станува збор за извоз на „ограничено количество на мало и лесно оружје од американски производители“ за Украина.

Тој појасни дека политиката на САД „никогаш не ги ограничувала таквите комерцијални продажби“ и додаде дека Вашингтон редовно ги разгледува барањата за издавање дозволи за извоз на оружје на „индивидуална основа“.

Претставникот на Стејт департпентот исто така посочи дека САД не го продаваат директно и бесплатно одбранбеното оружје на Украина, но додаде дека „не ја исклучуваат можноста и да го направат тоа“.