САД: Договорот со Москва нема да ја загрози употребата на иранските бази
Руското користење на базите во Иран нема да ги спречи САД да постигнат договор со Москва за соработка во борбата против Исламската држава во Сирија, изјави портпаролот на Стеј департментот Марк Тонер.
Меѓутоа, тој синоќа нагласи дека се уште не е дојдено до договор за соработка и дека Москва продолжува да врши напади врз умерените сириски сили, кои ги поддржува САД.
Портпаролот на Стеј департментот оцени дека руското користење на иранските воздушни бази за изведување на воени напади во Сирија е „несреќно, но не и изненадувачко“ и порача дека Вашингтон се уште го проценува нивото на соработка меѓу Русија и Иран.
Руското Министерство за одбрана соопшти вчера дека воените авиони полетале од базата во Иран и се упатиле кон целите на ИД во Сирија.
Во соопштението се истакнува големиот напредок во борбата против сунитските милитантни групи и се додава дека до сега Русија никогаш не користела воени капацитети надвор од Сирија за операција во арапската земја.
Русија и Иран ги засилија нивите врски во последните неколку месеци, откако Русија ги укина повеќето од санкциите кои беа воведени за Иран.
Ново на Сител
-
ДИК: Oбработени 96,37% од гласовите, Силјановска Давковa 351.826 - Пендаровски 174.658
-
ДИК: Oд обработени 90,18% oд гласовите Силјановска Давкова 325.150, Пендаровски 162.062
-
Ковачевски: Знам дека многу наши поддржувачи се разочарани, но сега не е време за откажување
-
ДИК: Oд обработени 87,17% oд гласовите Силјановска Давкова 315.638, Пендаровски 156.406
-
Мицкоски: Победуваме со над 170.000 гласа разлика
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме
-
Димитриевски: Испишуваме историја, се роди 3-тата политичка сила во македонскиот политички блок