САД: Договорот на Србија со Русија е изненадувачки и чекор во погрешна насока
САД сметаат дека ниту една земја не треба да ја проширува соработката со Русија додека таа ја продолжува својата агресија врз Украина, објави американскиот Стејт департмент во врска со одлуката на Министерството за надворешни работи на Србија да потпише план за консултации со руското Министерство за следните две години, јави дописникот на МИА од Белград.
Документот беше потпишан минатата недела, за време на Генералното собрание на ОН во Њујорк, од шефот на српската дипломатија Никола Селаковиќ и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Селаковиќ порача дека тоа е технички документ кој е потпишан од 1996 година и дека содржи наводи поврзани со Косово и надворешната политика и дека во него нема елементи на безбедносна политика.
Портпаролот на Стејт департментот, како одговор на барањето на Гласот на Америка за коментар, синоќа изјави дека „вестите за договорот се изненадувачки и во целосна спротивност со другите конструктивни средби што се одржаа со српските претставници во Њујорк“,не прецизирајќи за кои средби станува збор.
Во Њујорк, српскиот претседател Александар Вучиќ меѓу другите разговараше со советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан и потсекретарот за политички прашања Викторија Нуланд,.
-Понатамошното усогласување со Русија е чекор во погрешна насока и е во спротивност со изразените европски аспирации на Србија… Србија треба да ги забрза чекорите за напредување на европскиот пат, вклучително и диверзификација на изворите на енергија за намалување на енергетската зависност од Русија и усогласување на надворешната и безбедносната политика со ЕУ, нагласи неименуваниот портпарол на Стејт департментот.
Од Стејт департментот порачано е дека САД „продолжуваат силно да ја поддржуваат целта на Србија да стане членка на ЕУ“.
-Јасно е дека Русија не го поддржува пристапувањето на земјите од Западен Балкан во Европската унија и само се обидува да предизвика поделби во регионот. Иднината на Западен Балкан е недвосмислена во ЕУ, проширувањето промовира долгорочно мир, стабилност и просперитет во целиот регион, се заклучува во реакцијата.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари