Свет
28. January 2016 - 12:36

САД барале помош од НАТО во борбата против ИД

САД побарале помош од НАТО во борбата против Исламска држава на Блискиот исток, изјави денеска генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

Тој потенцира дека Вашингтон барал разузнавачки авиони „Авакс“.

- Добивме барање од САД да ги поддржиме напорите на коалицијата и да помогнеме со разузнавачки авиони „Авакс“. Моментно го разгледуваме барањето, истакна Столтенберг на прес-конференција.