Балкан
19. May 2020 - 9:11

САД апелираат на дијалог и воздржаност во Црна Гора, поради апсењето на свештениците од СПЦ

Американскиот Стејт департмент ги повика сите страни во Црна Гора да водат конструктивен дијалог, да покажат воздржаност и да избегнуваат какви било акции што би довеле до зголемување на тензиите.

Апелот на Стејт департментот уследи по апсењето на свештеници на Српска православна црква во Црна Гора поради кршење на забраната за собири воведени поради епидемијата со Ковид-19.

Во соопштението се посочува дека САД силно ги поддржуваат слободите, како слобода на говорот, здружување и собири и правата на поединците на мирен начин да ја изразуваат слободата на верата или убедувањата.

– Во истовреме, го почитуваме правото на сите суверени држави да го одржуваат јавниот ред и да го штитат здравјето на своите граѓани, на начин кој е усогласен со демократските стандарди и пракса, истакнува Стејт депаретментот.

Против девет свештеници од будимљанско-никшиќката епархија покренато е обвинение бидејќи на 12 мај спротивно на наредбите на црногорското Министерство за здравство учествуваа во литија заедно со граѓаните. Свештениците 72 часа поминаа во привор.