Саакашвили „најде“ нова држава
Украинскиот опозиционер Михаил Саакашвили престојува во Холандија, родната земја на неговата сопруга, бидејќи му беше одбиена дозволата за влез од Украина во Полска.
Саакашвили не знае колку долго ќе се задржи во Холандија ниту со што ќе се занимава таму.
- Ќе видиме, одговори Саакашвили на прашањето на холандската државна телевизија НОС за тоа колку време ќе престојува во земјата.
Тој посочи дека должината на неговиот престој зависи од околностите, наведувајќи дека дошол во Холандија поради случувањата во Украина, како и дека тоа е земјата во која многу често доаѓа.
Саакашвили беше претседател на Грузија од 2004 до 2013 година, а во 2015-та беше поставен за гувернер на украинскиот регион Одеса. На тоа место поднесе оставка во 2016 година, жалејќи се дека од централната власт му се мешаат во неговата борба против корупцијата.
На Саакашвили по заминувањето од Грузија му е одземено грузиското државјанство, а властите го обвинуваат дека од поранешниот претседател на Украина Виктор Јанукович примил половина милион долари да органзиира протести и да го урне актуелниот претседател Петро Порошенко.
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација