-->
-->
Рутинска победа на МЗТ Скопје против Шкупи
-->
Македонскиот првак МЗТ Скопје Аеродром забележа рутинска победа во дуелот против Шкупи, дебитант во прволигашката конкуренција.
На средбата одиграна попладнево во СЦ „Јане Сансански“ кошаркарите на МЗТ Скопје го победија Шкупи со 97-71 по четвртини, 20-12, 30-24, 26-17 и 21-18.
До првата победа во домашното првенство, аеродромци ги предводеа Дабиел Џенсен со 21 поен и Андреј Маслинко кој средбата ја заврши со дабл-дабл учинок од 16 поени и 12 скокови.
Потсетување, дека во првото коло МЗТ беше поразен од составот на Карпош Соколи.
Во следното коло МЗТ Скопје ќе гостува кај Струмица во среда (25 октомври), откако два дена претходно (понеденик, 23 октомври) ќе го одигра дуелот од АБА лигата против Цибона во Скопје.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација