Македонија
10. December 2019 - 16:37

Руте: Македонија е блиску до старт на преговорите, Албанија не е подготвена

Холандија испрака позитивни сигнали за брз старт на преговорите со Македонија. Во изјавата за подгоричка Победа премиерот Руте се залага за  раздвојување на пакетот со Албанија, вракајки се на основниот принцип на Унијата,  секоја земја кандидат да напредува  согласно сопствените заслууги

-Не верувам дека Албанија во овој момент е подготвена да започне преговори со ЕУ, но што се однесува до Северна Македонија, таа е поблиску до целта, вели холандскиот премиер Руте за  црногорскиот весник.

За разлика од Франција  која почетокот на преговорите ги условува со новата методологија, Холандија уште на самитот во октомври го застапувала ставот да и се даде зелено светло само на  Македонија доколку таа го исполни последниот услов - законот за јавно обвинителство, пишува весникот. Премиерот Руте негативна одлука во Брисел  ја објаснува со инситирање кај дел од  членките на Унијата двоецот Скопје –Тирана да не се раздвојува на патот кон ЕУ.

-Некои тоа не го сакаат и затоа на последниот Европски совет одлучивме да нема напредок по прашањето на отворање на преговори со тие држави, вели Руте за Победа.

Тој инситира дека Холандија не е против проширувањето. Според него 2025 е реаелен рок за пристапување на земјите од  Западен  Балкан ,  само доколку тие  ги имаат исполнето реформите.

И европратенците се согласуваат дека брзината на интеграцијата треба да зависи од реформнскиот процес, кој во Македонија се одвива според зацртаното.

Министерот Димитров на денешната средба во Евроспкиот парламент доби силна поддршка од пратенцитге стартешката цел за  старт на преговорите.