Македонија
19. August 2022 - 16:39

Русковска: Суспендирани се правото и правдата

Обвинителката за борба против организираниот криминал и корупција Вилма Рускоска поднесе жалба до Советот на јавните обвинители за суспензијата што во вторникот и ја одреди јавниот обвинител Љубомир Јовевски. Рускоска без да навлегува во детали од решението на Јовевски  вели дека нејзиното суспендирање е суспензија на правото и правдата.

Обвинителката вели дека не сака да верува дека зад суспендирањето стои некаков притисок. Изречно демантираше дека тоа доаѓа од оваа влада, но посочи прст кон некоја од претходните.

Рускоска вели дека поводот за суспензијата и дициплинската постапка се двете истраги што ги водела: техничкиот преглед на автобусите по повод несреќата на БЕСА Транс и вториот, за Управата за финасиска полиција со веќе поранешниот директор Муареми. Вели дека токму овие истраги останале на средина од истрагата, а при тоа обвини и дека Финсиската полиција не соработувала со обвинителството.

Од Финасиска пак, контра Рускоска. Велат дека веднаш доставиле 35 од бараните предмети, а потоа за достава подготвиле уште 150 предемети од 2018 година што биле побарани, но чекаат  да се утврди надлежен обвинител за нив бидејки тековните обвинителки биле изземени.

 „Невистинити се изјавите на обвинителката дека од Управата за финансиска полиција барала конкретни 300 предмети и дека и се доставени само 30-тина предмети кои таа не ги ни барала!...Управата за финасиска полиција е во исчекување на одговорот од Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, а со цел да ги достави обезбедените податоци/ предмети кои се побарани од Управата согласно Барањето за податоци РО 155/22 од 18.07.2022 година“ велат од Управата.

Од советот на јавните обвинители денеска молк по поднесата жалба. Најавуваат дека во понеделник ќе излезат со првични информации за поднесената жалба, а најдоцна по наредниот петок треба да се очекува и конечната одлука на Советот по изјавената жалба.

Покрај суспнезијата, за Рускоска, но и за две други обивнителки поврзани со случајот: Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска е отворена и дисциплинска постапка, но таа се уште не е почната.