Русковска: Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не како вешто лице да дава свое мислење
Премиерот денеска беше викнат во својство на сведок, не беше викнат во својство на вешто лице да дава свое мислење. Тој не понуди никакви докази дека овие луѓе не се едни од организаторите. Апсолутно не се сложувам со изјавата дека биле изманипулирани, изјави обвинителката Вилма Русковска, по денешното рочиште за организаторите на настаните во Собранието од 27 април 2017 година.
Обвинетите, посочи таа, не се малолетни лица за да може било кој да ги изманипулира особено што долги години беа на едни од највисоките функции во државата.
– Се надевам дека судот при носење на одлука ќе ги цени како материјалните докази што беа предложени од обвинителството, што ќе бидат предложени од страна на одбраната, така и изјавата на сведоците, па врз основа на сето тоа дека ќе донесе правилна и законита одлука, изјави Русковска.
Во однос на тоа дали премиерот Зоран Заев досега споделил нешто вакво со неа, со оглед дека беше сведок и во претходната постапка, Русковска, рече дека денеска се појави во својство на сведок на одбраната.
Прашана дали ќе отвори истрага по исказот на Заев, Русковска, рече дека тој дал свое мислење, и не може да се отвори истрага за дадено мислење.
Ново на Сител
-
Шекеринска: Не станува збор за одбивање на кандидатот за воен претставник во НАТО
-
Филипче: Британскиот сој е со полесна форма на болеста, побрзо се шири, но нема простор за паника
-
Шекеринска: Нема што да дискутирам со Каракачанов која сум и што сум, ако тој сака да биде Македонец нека повели
-
Мицкоски: Власта на Заев е без компас, има па нема британски сој на Ковид
-
Николоски: Следната недела стартува Иницијативата на ВМРО-ДПМНЕ за собирање потписи за укинување на штетниот закон за попис
-
Ковачки: Шекеринска призна дека згрешила и заради тоа немаме воен претставник во НАТО, време е за оставка
-
Забрана за движење на товарни возила на патот Тетово-Попова Шапка
-
Албанија: Инфектолог со примена прва доза вакцина заразен со Ковид-19