Русковска: Обезбедените видеа и аудио-материјали се само за двајцата осомничени во „Рекет“
Обезбедените видеа и аудио-атеријали се само за овој случај што го отворивме сега, за овие двајца осомничени. А понатаму во истрагата дали ќе се појават докази за обвинители, за политичари, за луѓе од јавниот живот ќе видиме, вели јавната обвинителка Вилма Русковска во интервју за Телевизијата 24. Таа додава и дека инволвираноста на јавен обвинител во овој случај, сега засега не може да се докаже.
– Доколку се појават цврсти докази сигурно дека истрагата ќе биде проширена, но сега навистина неможам да шпекулирам и било несериозно од мене како обвинител да кажам во која наоска може да не одведе истрагата, вели Рускоска.
На прашање дали не е исклучена можнсота истрагата да се прошири не само на политичари, туку и на обвинители зависно од тоа што ќе се открие, Русковска одговара потврдно додавајќи дека „апсолутно не е исклучена можноста, но тоа е само можност“.
Рускоска во интервјуто вели дека кај второосомничениот е пронајдена поголема количина оружје и ќе се истражува дали го поседува со дозвола или без.
Потенцира дека во претресот на првоосомничениот и второосомничениот се одземени електронски уреди, како и еден мобилен телефон од еден јавен обвинител, но оти се уште не е извршено вештачење на нитуи еден од нив.
Обвинителката Русковска смета дека последниот случај не треба да сго нарушува угледот на СЈО затоа што, како што вели, таму има многу добри обвинители и јавноста треба да има доверба во нив.
На прашањето за оставката на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, Русковска вели дека оставката е во лош тајминг.
-Некако мислам дека е избран лош тајминг за оставката. Сега за сега имаме некоја поврзаност на првоосомничениот со некој обвинител, но до каде е поврзаноста, дали навистина имало влијание, па во краен случај и земање пари, ние навистина како јавно обвинителство немаме докази, сега, во овој момент. Така што инволвираноста на јавен обвинител во овој случај сега не можеме да ја докажеме, вели Русковска.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Ќе ги скратиме непродуктивните трошоци, за пензионерите ќе има 5.000 денари покачување на пензиите
-
Во Украина 50.150 лица се водат како исчезнати
-
ОН: На Хаити е катаклизмична ситуацијата
-
Бела куќа: САД испратија писмено предупредување на Русија за нападот во Москва, бесмислица е тврдењето за вмешаност на Украина
-
МЗШВ: Со измените во Законот за стокови резерви, оризовата арпа се вбројува во листата на стратешки култури за државата
-
ВМРО-ДПМНЕ ги потврди листите за пратеници
-
Зеленски: Русија планира голема офанзива во наредните месеци
-
18-годишен тетовец украл автомобил, па направил сообраќајка