Македонија
2. September 2019 - 16:59

Русковска испрашува за „Рекет“, бизнисменот Мицевски втор пат дава исказ

Бизнисменот Силјан Мицевски по вторпат даваше исказ во обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за случајот “Рекет”.

Откако во јавноста се тврдеше дека на сметката на пензионерката Лилјана Тодорвска префрлил авторски хонорар од 720.000 евра, бизнисменот денеска негира и вели дека пари дал само на Mеѓународниот сојуз на Бојан Јовановски.

- Не сум дал пари на пензионерка. Пари сум дал на Меѓународниот сојуз и нормално дека ќе си ги барам назад, рече бизнисменот Силјан Мицевски.

Силјан Мицевски во обвинителството се задржа околу 2 часа. На излегување во од искоментира дека дошол на негова иницијатива.

- Како се договоривте со Mеѓународниот сојуз? – Со договор, рече Силјан Мицевски.

- Како ќе си ги вратите парите- Ќе го прашате Бојан, додаде Мицевски.

Утринава изјава во обвинителството даваше и водителката Лила Стојановска.

- Изјава беше, Ќе ви кажат од обвинителството, рече Лила Стојановска.

Засега во аферата Рекет осомничени се Боки 13, Зоки Кичеец и шефицата на СЈО Катица Јанева. Од обвинителството во неколку наврати изјавија дека не ја исклучуваат можноста истрагата да опфати и други лица.