Свет
17. November 2017 - 23:33

Руското МНР предупредува на евентуални терористички напади

Министерството за надворешни работи на Русија предупреди на можни терористички напади во големите европски и американски градови за време на новогодишните и божиќните празници.

- Постои голема веројатност од терористички напади во Европа и во САД за  време на новогодишните и божиќните празници од 20 декември до 20 јануари, објави руското МНР на Твитер.

На божиќен базар во Берлин минатата година тунискиот терорист Анис Амри со камион прегази и уби 12 луѓе, а во новогодишната ноќ напаѓач застрела 39 луѓе во дискотека во Истанбул.