Свет
30. March 2018 - 15:19

Руското МНР повика западни дипломати за да ги запознае со реципрочните мерки за случајот Скрипал

Руското Министерство за надворешни работи повика денеска високи дипломатски претставници за да ги запознае со реципрочните мерки што ги презема поради труењето на поранешниот двоен руски шпион Сергеј Скрипал во Британија.

Претставници од Амбасадите на Франција, Германија, Италија, Полска, Холандија, Хрватска, Белгија, Украина, Шведска, Австралија и од Чешка беа во МНР на Русија.

– На претставниците на тие дипломатски мисии ќе им бидат врачени протестни ноти и ќе бидат известени за реципрочните мерки на руската страна, соопшти Министерството. Тие напоменаа дека ги повикале претставниците на „голем број држави кои презеле непријателски дејствија против Русија поради солидарност со Британија заради случајот Скрипал“.