Рускоска за МИА: Јакимовски осомничен за злоупотреба на службена положба и овластувања
Поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски е осомничен за легализација на државно земјиште што било откупено по драстично пониска цена, за МИА изјави шефицата на Обвинителството за организиран криминал Вилма Рускоска.
Според неа, станува збор за неколку пријави што се однесуваат на работа спротивна на Законот за јавни набавки, за легалзиација на времени објекти, што потоа бесправно биле градени, исто така, спротивно на законот.
-Станува збор за злоупотреба на службена положба и овластувања, став 5 во врска со член 45, бидејќи станува збор за продолжено кривично дело, изјави Рускоска.
Поранешниот градоначалник на Карпош утринава беше приведен и изведен пред судија на претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.
Со него се приведени уште две лица, вработени во Општина Карпош. Постапката е покрената од Основното јавно обвинителство, од каде се најави дека повеќе детали ќе бидат соопштени во текот на денот.
Во истрагата на ОЈО се опфатени уште пет лица. Според најавите оттаму, за тројцата приведени ќе биде побаран притвор, а за останатите мерки на претпазливост.
Јакимовски беше приведен и лани во август на барање на финансиската полиција поради сомненија за злоупотреба на службена должност во времето додека бил градоначалник на Карпош.
Ново на Сител
-
ОЛАФ бара од Македонија да врати 2,2 милиони евра - злоупотребени пари од Еразмус плус
-
ССМ најавува серија протести, работниците излегуваат на улица
-
Штипските пензионери повторно на протест
-
Глобалниот минимален данок од 15% - закана за 50-тина компании кои работат во зоните кај нас
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен работен ден за пратениците од овој состав
-
Информативен ден на НАТО програмата „наука за мир и безбедност“
-
Мисија на УНЕСКО во Охрид