Македонија
23. February 2021 - 19:55

Рускоска: Се радувам што Мијалков сам се пријави, Ќе размислиме дали да бараме затворски притвор

Се радувам што обвинетиот Сашо Мијалков самиот се пријави, истакна денеска на прес-конференција обвинителката Вилма Рускоска.

Појасни дека Мијалков преку посредници побарал да се пријавил токму во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

-Откако е дојден беше обезбедуван од истражителите кои што се во Обвинителството за организиран криминал и корупција, рече Рускоска.

Во однос на повлекувањето на жалбата за затворски, наместо куќен притвор Рускоска рече дека тоа е сторено за да не се губи време.

-Колку што имам сознанија разговарале на таа тема со Јавниот обвинител, Љубомир Јовески. Истиот се согласил. Од тие причини е повлечена жалбата, рече Рускоска, додавајќи дека сепак ќе се размислува дали да се побара затворски притвор.

-Олеснителна околност е што самиот се пријави, рече Рускоска.

Во однос на приказната на Мијалков дека бил болен и дури изутринава дознал оти се трага по него рече не знаела дали Мијалков делувал болен или не.

-Јас не се видов со Мијалков и не знам како делува, дали болен или не. Единствено се видов со едниот неговиот адвокат. При разговор, двајцата заклучивме што два дена не се појави и што не му е врачено решението. Поради тоа, навистина не знам каде бил, рече Рускоска.

Потенцира дека немала комуникација со власта.