Македонија
19. July 2019 - 16:57

Рускоска: И други бизнисмени пријавиле рекет - Заев не познава ликови ,,Фрики и Кики‘‘

 

Обвинителството за организиран криминал и корупција има сознанија и за други случаи на уцени кои се вршени од лицата опфатени со истрагат за Рекет, открива за Дојче Веле обвинителката Вилма Рускувска. Сепак не открива за колку и кои случаи се работи. Вели дека неколку бизнисмени веќе дале изјава во јавното обвинителство.

„Имам сознанија за други случаи, но не можам да ви кажам за колку лица се работи. Тие лица дадоа изјава и сега бараме докази за да ги потврдиме исказите“, вели обвинителката Русковска.

До овој момент не е познато ниту дали обвинителите истражуваат инволвираност на други лица, поранешни и актуелни партиски функционери на СДСМ за кои во јавноста се пишуваше под псевдонимите Кики и Фрики.  Премиерот вели дека лица со такви имиња за него не постојат и дека истражувачките новинари треба да го откријат нивниот идентитет кога ќе имаат аргументи за нивната инвоилвираност во скандалот.

- „Кики и Фрики за мене не постојат. Треба некој да ги соопшти со име и презиме, па да видиме дали има истраги или не. Апелирам на истражувачко новинарство и само така ќе ја средиме државата, изјави Зоран Заев. 

Вештачењето на мобилниот телефон на специјалната обвинителка во оставка сеуште трае, велат од обвинителството. Од денот кога поднесе оставка, Катица Јанева е на боледување и не се појавува во јавноста. Неизвесно е дали истрагата на обвинителството ќе утврди нејзина поврзаност со групата осомниичени за рекет која тргувала токму со нејзиното влијание. Русковска вели дека дос ега не се контактирани други истражители и обвинители од СЈО и дека се чека да заврши анализата на досега прибраните докази.

Опозицијата и денеска го критикува текот на истрагата и бара да се провери поврзаноста на осомничените со премиерот. Сметаат дека не се преземаат мерки за да се утврди и одговорноста на Катица Јанева.

   „Ако веќе постојат индиции дека Катица Јанева е вмешана во овој криминален октопод кој изнудувал, рекетирал и се заканувал на осомничени во постапка на СЈО, истрагата не смеела да се сведе само на одземање на еден од двата телефони на Јанева. Пазете само еден од двата телефони на Катица Јанева ќе биде предмет на истрагата, изјави Благоца Ласковска , ВМРО-ДПМНЕ

Бојан Јовановски и Зоран Милевски 4ти ден се во притвор откако обвинителството предводено од Русковска обелодени истрага за случај на уцени кон бизнисмен против кого постапувало Специјалното јавно обвинителоство.