Свет
16. јуни 2017 - 9:32

Руско МО: Лидерот на ИД најверојатно убиен во напад врз Рака во крајот на мај

Лидерот на Исламска држава Абу Бакр ал Багдади можно е да е убиен во руски напад од воздух врз Рака во крајот на мај, соопшти руското Министерство за одбрана.

Во соопштение се нагласува дека лидерот на ИД можно е  да е убиен заедно со други команданти во екстремистичката група и 330 терористи во напад на руските воздушни сили на 28 мај врз Рака во Сирија.

– Според информации кои ги проверуваме од неколку извори, лидерот на ИД, Ибрахим Абу-Бакр ал-Багдади е убиен во нападот врз Рака каде се одржувал воен совет на ИД, соопшти Министерството.