Руско МНР: Русија и Турција ги сметаат преговорите за единствен начин да се реши кризата во Сирија
Министрите за надворешни работи на Русија и Турција, Сергеј Лавров и Мевлут Чавушоглу сметаат дека преговарачкиот процес е безалтернативен пат за решавање на ситуацијата во Сирија, соопшти руското МНР по телефонскиот разговор меѓу двајцата министри, јави ТАСС.
- Од двете страни беше истакнато дека продолжувањето на меѓусирискиот преговарачки процес нема алтернатива и е единствениот пат за постигнување мир во Сирија, се вели во соопштението на руското Министерство.
Во разговорот Сергеј Лавров истакнал дека нападот на САД на сирискиот аеродром во близина на Хомс ги поткопува напорите на Москва и Анкара за решавање на сириската криза.
- Сергеј Лавров истакна дека ваква манифестација на агресија е недозволива и може уште повеќе да ја компликува и онака веќе напнатата ситуација и воедно ги поткопува преземените од Русија и Турција напори за мирно решавање на сириската криза.
Тие ја потенцираа важноста на една објективна, непристрасна истрага на сите околности на трагичните настани во Кан Шејхун, како и на претходните случаи на употреба на хемиско оружје од страна на борци од терористички организации, соопшти руското МО.
Ново на Сител
-
Излезноста до 9 часот изнесува 3,85 отсто
-
Медиуми: УЕФА ќе дозволи 26 фудбалери на ЕУРО2024
-
Тајланд сака да биде домаќин на трка во Формула 1
-
Маж во САД ги убил сопругата и трите деца по што се самоубил
-
Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште
-
Може да гласаат и граѓаните со истечени лични документи од 24 јули 2023 година
-
Упатство за гласање на претседателските избори
-
Отворени избирачките места, право на глас имаат 1.814.317 граѓани