Живот
12. July 2018 - 22:48

Руско куче ја одмазди сопственичката: Нејзиниот убиец не сметал дека кучето ќе помине километри и ќе го направи ова

Аркадиј Антонов од Санкт Петербург е уапсен за убиство на својата девојка откако нејзиното куче ја одвело полицијата до нејзиното тело.

Марија Фроленкова е убиена од нејзиното момче зошто се гледала со друг маж. Антонов рекол дека тоа многу го вознемирило и изгубил контрола, откако му признала дека се гледа со друг маж кого го запознала на интернет.

Ја однел во шумата и ја тепал до смрт, а потоа нејзиното тело го покрил со лисја и гранки. Поради страв нејзиното куче да не привлече внимание, го одвел на 9,6 километри од тоа место и го оставил. Фокса ја пронашла полицијата неколку часа подоцна, и лаела со желба да ја следат. Тие го направиле тоа и ги одвел до телото.

Антонов е уапсен неколку часа по убиството и се очекува да биде осуден на 15 годни затвор.

Фокса е преземена од полциијата и тие ќе се грижат за неа. Фроленкова има малолетна ќерка и син за кои се грижела по разводот. Не се знае кој ќе биде сега со нив.

Фроленкова го запознала своето момче убиец преку унтернет и му рекла дека не е заинтересирана за сериозна врска, но тој не се откажувал. Се преселил во нејзиниот град за да пронајде подобар живот, но и ја изведвуал Фроленекова во скаши ресторани и и купувал подароци за да го смени мислењето.

Кога не се случило тоа ја убил.