Свет
13. November 2018 - 15:33

Руско чудо на небото: Вака првпат полета најбрзиот бомбардер на светот

Министерството за одбрана на Русија објави архивски снимки од летот на стратешкиот бомбардер носач на ракети Ту-95.

„Прототипот на авионот полета на 12 ноември 1952 година, а само по три години почна неговото сериско производство. Направени се повеќе од 500 вакви авиони“, се наведува во описот на видео снимката.

Русија оттогаш направи повеќе од 20 различни модификации. Ту-95, кој според класификацијата на НАТО го доби името Bear (мечка), останува најбрз авион на светот со турбо елисни- мотори.