Свет
7. October 2015 - 11:37

Руските воздушни напади во Сирија придружени од копнена операција против бунтовниците

Денешните руски воздушни напади во западна Сирија беа придружени од копнена операција против најмалку четири позиции на бунтовниците, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права.

Копнените напади биле извршени од силите на режимот на претседателот Башар ал Асад. 

Според Центарот, чие седиште е во Лондон, воздушните напади во провинциите Хама и Идлиб биле поинтензивни од претходните.