Свет
12. February 2019 - 18:16

Руските војници нема да смеат да употребуваат смартфони

Руските законодавци усвоија закон со кој им се забранува на војниците да користат паметни телефони, да објавуваат онлајн или да ги информираат медиумите додека се на должност.

Овој чекор доаѓа откако новинари користеа фотографии и видеа објавени на социјалните медиуми од страна на војниците, со цел да соберат информации за воените операции на Русија во Сирија и Украина.

Руската армија одамна се обидува да ги ограничи војниците при користењето на социјалните медиуми за да се спречи истекување на информации.

Од комисијата за одбрана при Долниот дом на рускиот Парламент, кои го напишаа и предложија законот, изјавија дека се обидуваат да ја осигурат „националната безбедност” во „сферата на информациите”.

Законот ќе забрани војниците да носат „електронски уреди”, со кои можат да објавуваат содржини и фотографии онлајн. Исто така се забранува војници да ги информираат медиумите или да објавуваат онлајн содржини кои ги опишуваат нивните или должностите на други лица, и кои ја откриваат нивната локација.Покрај тоа, забрането е да се даваат информации за активностите на воените команданти или локацијата на воените единици.

Војниците кои ќе го прекршат законот ќе бидат порано ослободени од служба.

Телефоните без камера не се забранети, а војниците ќе можат да користат смартфони кога не се на должност.