Свет
21. October 2015 - 8:48

Руските власти уапсија 97 осомничени терористи во Московската област

Властите во Московската област уапсија вкупно 97 лица, осомничени дека припаѓаат кон терористичката група „Хизб ул Тахрир“, како дел од антитерористичката операција, изјави вчера портпаролот на руската полиција. Таа не ја откри националноста на приведените, јави ДПА.

Во рацијата на 24 адреси, каде живееле осомничените терористи, конфискувани се банкарски картички и екстремистичка литература.

Името на групата, која е забранета во Русија, означува „Партија на слободата“. Таа си поставила за цел создавање глобален калифат, базиран врз шеријатски закони.

Минатата седмица во Москва беа уапсени десет лица, осомничени за членови на „Исламска држава“, во рација во стан во центарот на руската престолнина.