Руските власти тврдат дека Навални „горе-доле“ закрепна по штрајкот со глад
Алексеј Навални „горе-долу“ закрепна по штрајкот со глад и му е дозволено да комуницира со своето семејство, изјави денеска директорот на руската Федерална служба за затвори, Александар Калашников, пренесува Тасс.
Овој најекспониран критичар на политиките на претседателот Владимир Путин издржува 2,5 годишна затворска казна за прекршување на условната слобода.
-Можам да кажам дека повеќе или помалку тој закрепнува, изјави Калашников.
“Веќе има 82 килограми, јаде нормално и може да комуницира со своето семејство”, додаде директорот на руската затворска служба.
Опозицискиот политичар Навални (44) штрајкуваше со глад на крајот на март во обид да добие соодветно лекување во затвор заради акутните болки во грбот и нозете.
Влошувањето на неговата здравствена состојба ги потикна неговите сојузници да ги повикаат приврзаниците на улицата да бараат да му се обезбеди соодветна грижа, но одговорот на овие собири беше поскромен отколку што се очекуваше.
Навални, кој преживеа труење со нервен агенс минатата година, според германските лекари штрајкот со глад го прекина во април, откако доби подобар третман.
Иван Жданов, еден од најблиските сојузници на Навални, денеска изјави дека здравствената состојба на Навални генерално е задоволителна.
Ново на Сител
-
Дамјан Митев: Хановер е тежок ривал, но нема да се откажеме
-
Шешко во новата сезона во дресот на Манчестер Јунајтед
-
Со дуелот Струга - Охрид ќе стартува 53.то издание на ракометниот турнир Струга 2025
-
Николоски: Новата авиолинија Скопје - Келн значи многу за развојот на туризмот, економијата и бизнисот
-
Одбележување за Карпалак во прилепската касарна: Да не се заборави и никогаш да не се повтори
-
ДЗС: 352 лица ја завршија обуката за пожарникари, утре ќе потпишат договори за работа
-
ЕУ: Бројот на камиони со помош за Газа се зголемува, но се уште е под договореното ниво
-
Нетанјаху: Израел нема намера трајно да го окупира Појасот Газа