Свет
28. December 2017 - 18:47

Руските научници успеаа да стапат во контакт со загубениот комуникациски сателит

Руската вселенска агенција Енергиа успеа да воспостави контакт со сателитот „АнгоСат-1“.

Руските научници вчера соопштија дека загубиле контакт со комуникацискиот сателит, кој беше лансиран во вторникот за потребите на Ангола.

„АнгоСат-1“ е првиот сателит на Ангола лансиран во Вселената. Ангола и Русија соработуваат на програмата за подобрување на комуникациските врски во африканската држава вредна 300 милиони долари.

Во ноември, руските научници го загубија метеролошкиот сателит „Метеор-М“ вреден 45 милиони долари поради програмерска грешка.