Кошарка
31. July 2015 - 10:29

Руските екипи нема да бидат санкционирани од Евролигата

По одлуката на Светската кошаркарска федерација ФИБА за суспензија на Русија од сите натпреварувања, се јави и првиот човек на кошаркарската Евролига Џорди Бартомеу, кој изјави дека ова решние не важи на руските екипи што настапуваат во Евролигата.

 
- Сакам да потврдам дека оваа одлука не се однесува на настапот на руските екипи кои се натпреваруваат во рамките на Евролигата, рече Бартомеу.
 
ФИБА ја дисквалификуваше Русија во средата и таа нема право на настап на претстојното Европско првенство. Според ТАСС, дисквалификацијата на Русија се однесува само за официјалните натпревари, но не и за пријателски средби.
 
Според медиумите во Русија, причината за дисквалификацијата е тоа што во 2013 година Судот во Москва се мешал во работата на рускиот Кошаркарски сојуз, кога биле одржани избори за претседател на федерацијата.