Рускиот Врховен суд ја потврди пресудата за Навални
Рускиот Врховен суд ја потврди пресудата односно условната казна за лидерот на опозицијата Алексеј Навални и тригодишната казна затвор за неговиот брат Олег.
Навални и неговиот брат Олег во 2013 и 2014 година осудени се за проневера на дрвен материјал во вредност од 500.000 долари од државно претпријатие.
Критичартите судењето го оценија како политичка одмазда. Поради таквата пресуда Навални не можеше да учествува на претседателските избори во март.
По неуспешни жалби, Навални се обрати до Европскиот суд за човекови права, кој во 2016 година донесе одлука во негова корист. Врховниот суд на Русија го одби случајот и го врати на повторно судење и ја потврди условната казна за Навални и три години затвор за неговиот брат.
Навални по рочиштата изјави дека судската одлука покажува дека Русија одбива да ги почитува меѓународните обврски.
Ново на Сител
-
ДКСК повторно ќе постапува по приговорот на Силјановска-Давкова за кршење на изборните правила
-
Експлозии во Иран, американски медиуми јавуваат за израелски напади
-
Косовско МНР: Ослободен заменик директорот на косовската полиција Јанковиќ кој беше уапсен во Србија
-
САД ставија вето на барањето на Палестинците за полноправно членство во Обединетите нации
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно со повремен дожд и посвежо, до 18 степени
-
Ковачевски од Демир Капија: СДСМ и Коалицијата се единствена опција за европска иднина на државата
-
Силен земјотрес ја стресе Турција