Свет
30. March 2020 - 11:22

Рускиот премиер бара ограничување на движењето во цела земја по примерот на Москва

Рускиот премиер Михаил Мишустин денеска побара од регионалните гувернери да направат план за воведување на исти ограничувања за движење, како оние воведени во Москва, а со цел за да се запре ширењето на новиот коронавирус.

Сите жители на Москва ќе мора од денеска да останат во домашна самоизолација, најави градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин, најавувајќи дека таа е задолжителна за сите жители на престолнината, без оглед на возраста. Напуштањето на домовите ќе биде можно само во случај на итна медицинска помош или во случај на опасност по животот и здравјето, доколку мора да се оди на работа -освен ако не постои друго решение, за да се изврши набавка и да се прошетаат домашни миленичиња и тоа. на оддалеченост од 100 метри од местото на живеење, како и за изнесување ѓубре.

Претходно, рускиот претседател Владимир Путин ја прогласи оваа седмица за неработна, со цел да се запре брзото ширење на коронавирусот.

Во Русија, во изминатите 24 часа се откриени 270 нови случаи, додека вкупниот број на пациенти достигна 1.534, и 64 починати.