Свет
25. November 2015 - 17:01

Рускиот пилот открива: Немаше никакво предупредување пред да пукат во нас

Вториот пилот од рускиот авион кој беше соборен на турско-сириската граница од турските сили, стои на својата изјава дека нивниот авион не преминал во турскиот воздушен простор.

Во кратката вест што ја објавија светските медиуми, се вели дека пилотот изјавил дека не добиле никакво визуелно, нити пак препупредување преку радио врска пред да биде пукано кон нив.