Свет
8. November 2018 - 19:41

Руски воен експерт: Што бара американски шпионски авион над Крим? Сето ова потсетува на Студена војна

Во последно време зголемена е активноста на странски извиднички авиони и беспилотни летала во близина на границата со Русија.
 
Како што наведува "Sputnik", најновиот случај бил забележан во близина на Кримскиот полуостров. Руски воени експерти предупредуваат дека таквите летови само ја влошуваат ситуацијата и истакнуваат дека таквото извидништво е во духот на Студената војна. 
 
Претходно портпаролот за мониторинг "Плејн радар" објавил дека американскиот авион "Boeing P-8A" - Посејдон во вторникот извршил извидување на просторот над Керчкиот мореоуз и Кримскиот полуостров.
 
Порталот навел дека "Boeing P-8A" - Посејдон, кој припаѓа на американската Воена морнарица, врши извидување на црноморското крајбрежје на Русија.
 
Американскиот шпионски авион, со регистарски број 168764, се доближил до кримскиот брег на само 24,61 километри.
 
Порано истиот ден извидување во тој регион извршил американскиот дрон "Nortrop Gruman RQ-4 global hawk", кој летал долж зоната на разграничување во Донбас.
 
Откако зачестило извидништвото во регионот Крим и Краснодарскиот крај, како и во близина на западните граници на Русија, официјална Москва повеќе пати му укажала на Вашингтон на опасноста поради големото приближување на странските мисии на границите со Русија, а руското Министерство за одбрана повеќе пати го повикало Вашингтон да се откаже од таквите операции. Пентагон, судејќи по се, тоа го одбил.
 
Рускиот воен експерт Олег Глазунов вели дека ситуацијата е загрижувачка и дека потсетува на онаа за време на Студената војна.
 
"Ако ги земеме во предвид нашите односи со САД, тогаш е јасно дека тие летови се вршат во извиднички цели. Нивна главна задача е да откријат руски чворишта на одбрана, ниво на заштита и системи за противвоздушна одбрана. Таквото извидништво е во духот на Студената војна и тоа предизвикува загриженост", рекол Глазунов за "Sputnik".
 
Експертот додава дека политиката на Доналд Трамп е во целост непредвидлива, а оди од зближување со Русија до целосна конфронтација.
 
 
"Тоа во голема мера ја влошува ситуацијата. На ниедна земја не и се допаѓа кога такви извиднички мисии се водат на нејзините граници, бидејќи таквите работи обично се случуваат пред напад. Ние, на пример, не изведуваме извиднички летови над територии на САД. Ние сме мирољубива земја, но од американската страна може се да се очекува", предупредил рускиот експерт.
 
Авиионот "Boeing P-8A" - Посејдон е од составот на десетата патролна ескадрила на американската морнарица. Наменет е за откривање и уништување на непријателски подморници, како и извидништо и учество во противбродни и спасувачки операции, како и во крајбрежните подрачја, така и во океаните.