Свет
29. March 2016 - 13:54

Руски воен авион навлезе во естонскиот воздушен простор

Естонија соопшти дека руски воен авион навлегол во нејзиниот воздушен простор во близина на Финскиот Залив.

Рускиот авион Ан-26 навлегол во естонскиот воздушен простор помалку од една минута, се вели во соопштението на естонските вооружени сили. 

Неговите уреди за лоцирање биле вклучени и ги предале плановите на летот, но тој не воспоставил радио контакт со вработените во естонската контрола на летање.

Естонското Министерство за надворешни работи изрази протест пред руската Амбасада во Талин. Ова е втор ваков случај оваа година.